Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска ги повика премиерот Димитар Ковачевски да ги стави уставните измени на дневен ред во Собрание и ако се покаже дека нема мнозинство да си поднесе оставка. Мицкоски повтори дека во овој парламентарен состав измени на Уставот ќе нема.
– Ја користам оваа прилика и го повикувам човекот кој што е поставен таму, Димитар Ковачевски, и вистинскиот кој што ја води Владата, Артан Груби заедно со Али Ахмети да ги достават овие барања во Парламентот односно да ја достават потребата за отворање на Уставот за да можат пратениците да се изјаснат. Еве час поскоро, нели викаат континуирано од минатата година, помина една година, а ние слушаме е сега во септември имаме 2/3 мнозинство, помина септември, дојде октомври, е не до октомври туку до крај на година, па помина 2022 година, е не било до крај на година, било до февруари, помина февруари, сега викаа мај, еве го и мај поминува. Затоа ајде еве еднаш нека се охрабрат и нека го поднесат тоа барање и Али Ахмети и Димитар Ковачевски и да изгласаат пратениците, да видиме како ќе гласаат – рече Мицкоски, одоговорајќи на новинарски прашања при денешната посета на општина Кислева Вода.
Доколку се покаже дека нема мнозинство за тоа во законодавниот дом, Мицкоски смета дека Ковачевски треба да поднесе оставка.
Коментирајќи ја екепертската работна група за уставни измени, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека таа нема мандат и оти тоа е непотребно трошење на парите на граѓаните
– Тие експерти добиваат пари од Буџетот за работа за која што во моментов немаат мандат. Они можат да добијат мандат само во случај доколку Парламентот изгласа потреба за отворање на Уставот. Доколку Парламентот во првата фаза не изгласа, а што ќе се случи, потреба за отворање на Уставот тогаш нивната работа е беспредметна. И хонорарите кои што ги добиваат од вас граѓаните ќе бидат практично злоупотреба на финансиските средства на граѓаните бидејќи тие немаат сега мандат да зборуваат за уставни измени – рече Мицкоски.
Прашан за плановите на власта да издаде нардна обврзница, тој кажа дека тоа се прави без консултации со ВМРО-ДПМНЕ и без отчет за што ќе се трошат парите.
– Сега тие не се консултираат со ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија што ќе се случи. Поставувам јавно прашање ако ВМРО-ДПМНЕ се однесува како што се однесуваше СДСМ во 2016 кога испраќаше писма, дописи до финансиски меѓународни организации и ние тоа го реплицираме на македонско ниво на територијата на Македонија и ги повикаме граѓаните да не бидат дел од криминалниот процес кој што потоа треба да биде злоупотребен за да се врши притисок на истите тие граѓани на следните избори. Што ќе се случи ако упатиме еден таков повик до граѓаните? Еве нека размислат, пред да прават чекор треба да размислат, затоа што не се консултирале со ВМРО-ДПМНЕ, не го прашале ВМРО-ДПМНЕ за став затоа што ако го прашаа ВМРО-ДПМНЕ ќе кажеше добро, за што ви се парите, кажете ги проектите, ние за општинските обврзници еве ги проектите ги ставаме на увид на јавноста. Еве нека размислат што прават, нема да зборувам повеќе, можеби во периодот кој што следи ќе одиме и чекор понатаму ако не се вразумат – рече Мицкоски.
За тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека власта за коридорите ќе ангажира дополнително уште пет специјалисти за автопатишта за месечна плата од 36.500 евра, тој искажа сомнеж дека парите, како и авансите кои се префрлаат за корисодорите, ќе завршуваат во некои приватни џебови и за вршење поткуп на претстојните претседателски и парламентарни избори.