Фото: Макфакс

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски укажа на претпазливост за можност за непочитување на примената на Деловникот, пренесе Макфакс.

– Согласно Член 81, став 1, претседателот на Собранието може да ја прекине седницата ако нема мнозинство на пратеници потребно за одлучување. Затоа што потоа говорник ни е координаторот на пратеничката група на СДСМ, ја користам приликата, во случај да не реши претседателот на Собранието да ја затвори седницата, сите заедно рационално да прикажеме дека членството во ЕУ го заслужуваме, рече Мицевски.

Тој побара да се гласа на денешната седница, со оглед дека се присутни доволно пратеници.

– За да бидеме на нивото на денешната седница, во европски манири, ако има доволен број пратеници, гледам дека има, предлогот да го ставиме на гласање за да знаеме на што сме. Затоа тука сме да не не обвините дека блокираме, во сала сме. Ќе ни дозволите да се произнесеме, согласно нашите уверувања, во духот на демократијата и ќе ни дозволите да гласаме и да ги видиме резултатите од гласањето, кажа тој.

„Нема Претседателот на Собранието да го земе правото и да ја прекине седницата. Убавината на демократијата е да имаме мислење за искажаните ставови и дискусии на сите пратеници“, додаде координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.