Фото: М.М.

Со започнувањето на пролетта денес симболично на 21 март општина Новаци спроведе масовна акција на пошумување.

-Денес со цел да го означиме првиот пролетен ден на рамноденицата организиравме акција за обновување на препознатливиот зелен појас од тополи на влезот во Новаци. Засадивме околу 150 млади садници, односно на местото на исушените дрва засадивме нови млади коренчиња тополи. Во акцијата беа вклучени и младите од општината, децата од ЦОУ „Славко Лумбарковски“, вработените во општината и комуналното претпријатие-рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.

Ова е втора акција за пошумување во пет месечниот мандат на Стевановски како градоначалник на Општина Новаци.

Претходно беа засадени млади засдници багреми во месноста викана Преслап во атарот на село Маково.
М.М