Фото: Влада

Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски во гостување во вечерашната емисија „Само вистина” истакна дека рускиот амбасадор во земјава сам треба да ја напушти функцијата.

-Преговорите се во тек, но оваа криза во Украина ќе потрае, не само како војна, поствоен ефект ќе има, се е разрушено, ќе треба да се обнови. Даваат ултиматум градот да се предаде, не сме 1945-та градот да се предаде на Русија. Војната ќе потрае, некои анализи кажуваат до мај, но како и да е, обновата, враќањето во нормала. Мило ми е што Македонија секогаш била на страната на позитивците, на оние кои биле за мир, никогаш не сме биле на страната на агресорите-истакна Милевски

Во врска со протерувањето на рускиот амбасадор во Македонија, Милевски рече дека тој сам треба да си отиде, да ја осуди оваа агресорска политика на неговата држава.

-Некои анализи покажаа дека 60 отсто од жителите на Москва се против оваа политика на Путин. Мислам тој амбасадор ако има грам совест, бидејќи и тој има фамилии, има роднини, сам треба да се откаже од амбасадор и да ја напушти оваа функција-рече Милевски.