Фото: Пиксабеј

Државјаните на Македонија и на Албанија биле меѓу најбројни меѓу вкупно 6.198 странци депортирани од Германија во првата половина од годинава, објавува „Дојче веле“.

Депортирани се 454 македонски државјани, по што следуваат албанските државјани со 402 депортации, според податоците на германската влада што беа откриени е на пратеничката група на Левицата во германскиот Бундестаг.

Офанзива за депортација со цел поконзистентно да се спроведе обврската за наепуштање на земјата, предвидува коалицискиот договор меѓу СПД, Зелените и Либералите кои ја сочинуваат германската влада, соопшти германското МВР на барање на тамошните медиуми.

Германската Левица остро ја критикуваше практиката на таканаречените „мини-чартер летови“ преку која властите депортирале вкупно 35 лица од Германија во единаесет летови во првата половина на годинава. Трошоците за овие летови изнесувале 580 илјади евра.