ФОТО:Архива

Министерството за надворешни работи (МНР) апелира сите македонски државјани да ги избегнуваат загрозените подрачја од невремето во Грција и да останат на сигурно се до евентуална евакуација и посочува дека според информациите од Амбасадата во Атина, заклучно со денеска еден наш државјанин се наоѓа во градот Волос, на безбедно место, во локален хотел.

– Информираме дека дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во Грција се во постојана комуникација со надлежните институции, со цел давање асистенција на нашите граѓани кои се наоѓаат во загрозените подрачја – велат од МНР и изразуваат сочувство до семејствата на жртвите од големото невреме што ја зафатија Грција.

На располагање се, додаваат, СОС телефонот на МНР 075/ 273- 732 и дежурните телефони на Амбасадата во Атина +306944743071 и Генералниот конзулат во Солун + 30 6987200410.