Честитајки ја новата година на сите граѓани, академик Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ, во утрешната колумна во „Нова Македонија“ се осврнува на оптимизмот, како способност да се препознаат можностите. Дали во Македонија може да се препознаат можностите и да се гради подобра иднина и како тоа да се направи?
-Македонија е во агонија веќе подолго време. А, нам, на Македонците, реалноста полека ни се лизга низ прсти – уценети, и однадвор и однатре, животот на сите нам, освен на дел од владејачката елита, сенишно ни поминува покрај нас: ние сме само неми, безлични и бесцелни набљудувачи на овој наш живот што не го живееме, а истовремено се чувствуваме беспомошно гледајќи како Македонија се расчеречува, се раздробува, се распарчува и се разнебитува – пишува Коцарев.
-Обединувањето на македонските политички партии е единствената можност за остварување на посакуваниот сон: вековно опстојување на Македонија. На лукративните, самобендисани, арогантни и неуки македонски политичари, знам, нема да им биде едноставно да се откажат од власта, меѓутоа, сѐ друго води кон пропаст и изумирање на оваа држава, на Македонија – пишува меѓудругото академик Коцарев.
Колумната прочитајте ја во празничното издание на „Нова Македонија“