Фото: Макфакс / Архива

Левица поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Охрид против Христијан Пендиков, во, како што информираат, својство на генерален секретар на неофашистичкото здружение „Цар Борис Трети”.Пендиков, во интервју емитувано на 14 февруари 2023 година, на една од најгледаните телевизии во соседна странска држава, намерно дава лажни изјави и клевети кон македонскиот народ и Република Македонија. Имено, пријавениот во контроверзното интервју, ги изнесува познатите негаторски тези на бугарскиот шовинизам дека „Македонците и Бугарите се еден исти народ”.Со ваквата изјава, Пендиков ја изложува на подбив Република Македонија, која е конституирана и постои како национална држава на македонскиот народ. Оваа изјава е дејствие директно насочено кон разгорување национална омраза и нетрпеливост, изложувајќи ја на подбив македонската националност и оспорувајќи ја нејзината посебност и самобитност, стои во соопштението од „Левица“.

Пријавениот се товари дека извршил кривични дела:

  • Повреда на угледот на Републиката – казниво по чл. 178 од КЗ;
  • Изложување на подбив на македонскиот народ – казниво по чл. 179 од КЗ;
  • Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа – казниво по член 319 став 1 од законот.

Доколку се воспостави практика на несанкционирање, институционален молк и обвинителски патернализам на ваквото омаловажување и обезвреднување на основните вредноста на Република Македонија, идентитетски обележја на Македонците и чувствата на македонските Евреи, во пракса може да се предизвикаат сериозни и несогледливи штетни последици по националните интереси и безбедност во иднина, стои во соопштението.