Лекарската комора го осуди вчерашното убиство на докторот, кој со убодни рани беше пронајден мртов на паркингот пред поликлиниката Железара и бара од надлежните институции итно разрешавање на случајот.
– Истакнуваме дека никаков вид на насилство во општеството не смее да се толерира, бидејќи насилството не е соодветен начин на кој се решаваат проблемите. Истакнуваме јавно барање надлежните институции итно да постапат за овој случај и да ги преземат сите неопходни мерки за да ги утврдат околностите во кои се случил настанот и соодветно на тоа да го пронајдат сторителот и да го санкционираат – стои во соопштението од Лекарската комора.
Загубата на доктор е и загуба на целиот здравствен систем, велат од Лекарска комора, од каде посочуваат дека остануваат будно да го следи развојот на настаните и соодветно да реагираат.
Реагираа и од Здружението на приватни матични лекари, кои во знак на револт најавија дека в понеделник од 12 до 16 часот ќе прекинат со работа.
Лекарот беше пронајден мртов со убодни рани синоќа на паркингот пред поликлиниката Железара.