Фото: Маја Јаневска-Илиева

Министерството за внатрешни работи информира дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави дека четири училишта на територија на Скопје добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

-Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави – информираат од МВР.

Закани за поставени бомби до скопски средни училишта беа пратени вторпат неделава, по што учениците и вработените беа евакуирани.

Во СВР Скопје, денеска околу 14 часот било пријавено дека на мејл-адреси на четири училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба. Станува збор за училиштата „Орце Николов“, „Никола Карев“, „Здравко Цветковски“ и „Јосип Броз Тито“.