Министерството за внатрешни работи попладнево информираше дека денешните дојави за поставени експлозивни направи во училиштата во Скопје се лажни.
-Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 23 средни и 22 основни училишта на подрачјето на Скопје, по добиените пораки на електронски адреси со закана за поставена експлозивна направа и утврдено е дека станува збор за лажни пријави – велат од МВР.
Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа извршени се детални проверки од тимови за антитерористички проверки.