Четириесет и осумгодишниот Р.Л. од Кичево вчера е пронајден починат во куќа во село Десово, каде привремено живеел. Според Министерството за внатрешни работи, причина за смртта на кичевецот се тешки телесни повреди што му ги нанеле А.Ѓ. (29) и Д.Ѓ. (67) од село Десово, Општина Долнени.
–Смртта настапила поради тешките повреди нанесени на главата и телото, што ги констатирал и лекар од медицинската прва помош од Прилеп, а увид извршила увидна екипа од ОВР-Прилеп и јавен обвинител од овој град-информира МВР.
Од полицијата дополнуваат дека по целосно документирање на случајот против А.Ѓ. и Д.Ѓ. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.