Фото: МИА

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска по повод 8 Септември – Денот на независноста, во свое лично име и во име на Судот упати честитки до сите граѓани на државата.

-Денешниот празник е потсетник за одговорноста и личниот придонес на секој од нас кон остварување на владеењето на правото. Нека 8 Септември остане симбол на силната волја, визија за развој и унапредување на слободите и правата на сите граѓани во самостојна и суверена Република Северна Македонија. Нека не’ потсетува на предизвиците кои се зад нас, но и да биде нашиот разум и сила за да продолжиме и понатаму да ги негуваме темелните вредности на уставниот поредок на Република Северна Македонија. Нека е честит 8 Септември, Денот на независноста на Република Северна Македонија! – напиша Кацарска во честитката.