Фото: Маја Јаневска Илиева

Во однос на високите температури и недостигот од клима-уреди во дел од училниците, Јаневска рече дека Министерството во моментот нема информација дека Скопје е во портокалова фаза.

 – Немаме добиено информација дека сме во портокалова фаза. И јас проверив, во моментот се 28 степени, што значи дека не сме во портокалова фаза. За тоа има процедура – рече таа.

Таа објасни дека доколку биде прогласена портокалова фаза, Министерството за здравство и надлежните институции ја следат утврдената процедура, по што се носат соодветни одлуки и се информираат училиштата.

Јаневска порача дека доколку има потреба од дополнителни мерки, навреме ќе бидат информирани сите засегнати страни.

 – Кога навистина ќе биде потребно, ќе ги преземеме сите мерки. Објавени се на страницата на МОН потребните мерки што треба да се спроведат. Денес е само трет ден од учебната година и не треба да се грижат ниту учениците, ниту родителите, ниту директорите и наставниците сами да преземаат мерки – нагласи министерката.