Фото: Фејсбук/Владимир Македон Димитровски

Младиот математички талент Македон Димитровски постигна историски успех на Германската математичка олимпијада, освојувајќи два златни медала – во индивидуалната конкуренција и во посебниот математички предизвик.

Со овој резултат, Димитровски се вброи меѓу најдобрите учесници на престижниот натпревар, а неговиот успех беше дополнително потврден со влез во групата на лауреати – признание што им се доделува само на најистакнатите натпреварувачи.

Веста за успехот ја објави неговиот татко Владимир Димитровски, кој истакна дека станува збор за резултат што е доказ за исклучителен талент и посветеност.

– Со своите блескави резултати, Македон беше прогласен и во престижната група на лауреати — признание резервирано само за најдобрите од најдобрите. Овој неверојатен успех е доказ за врвен талент, огромна посветеност и достојно претставување на Македонија – напиша тој.

Успехот на младиот математичар претставува значајно признание не само за него лично, туку и за Македонија, која добива уште еден претставник меѓу најдобрите на меѓународната научна сцена.