Фото: Твитер

Има надворешни фактори кои не сакаат Бугарија и Македонија да бидат во добри односи, смета европратеникот Илхан Ќучук.

-Тоа се оние луѓе кои не сакаат РСМ да биде дел од Европската Унија. Тоа се оние луѓе кои не сакаат нашата држава да има влијание бидејќи ставањето вето значи дека Бугарија нема пријатели на Балканот, во ЕУ – изјави Ќучук за БТВ.

Тој е категоричен дека мора да инсистираат во Македонија да има владеење на правото и високи демократски стандарди.

– Се додека не се признаваат правата на луѓето кои се сметаат за Бугари, тензијата ќе продолжи – вели Ќучук.

Треба, додава Ќучук, да се поттикнат сите обиди за намалување на тензиите, а тоа не важи само за бугарската држава, туку и за Скопје. Треба да се најде решение за проблемите.

Посочува дека Бугарија е во Европската Унија веќе 17 години, а, како што вели, не може да се приклучи на блокот за важни теми, вклучително и за обезбедувањето на воена помош за Украина и за клучните реформи во ЕУ.

– Нашата земја е секогаш на 27 место и никогаш не предлагаме иницијативи, не учествуваме во блокови, не одиме со предлози до Европскиот Парламент – вели Ќучук.