Фото: Илустрација

Автомобил кој претекнувал се забил во камион-цистерна и потоа се запалил, во тешка сообраќајка на патот Куманово – Крива Паланка, според дел од медиумите.  

На местото на настанот се упатиле повеќе амбулатни возила, противпожарно возило и возила на шлеп служба, а полицијата врши увид.

Сообраќајот на патот Куманово-Крива Паланка е во прекин поради тешка сообраќајка што се случи кај селото Облавце.