Фото: МВР

Ноќеска на полноќ полициски службеници од Бирото за јавна безбедност – Оддел за криминалистичка полиција и Оддел за специјални полициски операции-Единица за брзо распоредување во координација со Управата за јавни приходи и Државен пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителски објект во селото Грчец, скопско. Констатирани се низа неправилности во работењето: угостителскиот објект нема регистрирано правно лице-фирма, немало регистриран фискален апарат, не биле почитувани мерките за справување со ковид 19, поради што од страна на Државниот пазарен инспекторат објектот е запечатен и изречени се соодветни глоби.

Фото: МВР

Од МВР информираат дека е извршен преглед на 40 лица и констатирано е присуство на тројца малолетници, за што ќе следуваат соодветни пријави. Исто така, приведено е едно лице кај кое е пронајден нож. За сите незаконитости ќе следуваат соодветни поднесоци.