Фото: Илустрација

Триесет и шестгодишен жител на липковското село Лојане загина во сообраќајна несреќа што се случила денеска на автопатот Табановце-Куманово, соопшти кумановската полиција.

– Денеска во 1:20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопат Табановце-Куманово, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.А.(36) од село Лојане, липковско, излетало од коловозот. На местото на несреќата починал А. А, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, информираа од СВР Куманово.

Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на несреќата.