Кафеава мечка во објективот на нашиот фотограф Горан Анастасовски

На регионалниот пат Тетово-Јажинце околу 21 часот се случила сообраќајна несреќа во која е усмртена мечка, а нема повредени луѓе. Несреќата се случила кај Доброште.

-Вчеравечер (5 октомври) во 21 часот и 15 минути во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Јажинце-Тетово, во тетовско Доброште, патничко моторно возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 45-годишниот М.П. од Скопје, удрило во мечка и ја усмртило. Нема повредени во возилото, додека мечката е предадена на Националниот парк „Шар Планина“. На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово – информираше портпаролот на тетовската полиција Марјан Јосифоски.

На истиот пат Тетово-Јажинце кај Доброште и на 14 јули годинава се случи сообраќајна несреќа во која беше прегазена и усмртена мечка. Тогаш учествувале две патнички моторни возила, при што беа повредени двајцата возачи. Исто така мечката беше предадена на Национален парк Шар Планина.