Засега непознати сторители ноќеска насилно влегле во Културно-информативниот центар (КИЦ) на Република Бугарија во Скопје, при што одзеле монитор. Увид извршила екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот, соопшти македонското Министерство за внатрешни работи (МВР).
Реагираше бугарското Министерство за надворешни работи, а македонската амбасадорка во Софија била повикана во МНР во Софија, каде ѝ било посочено дека овој инцидент „се случува во услови на долготрајна антибугарска кампања во Северна Македонија“.
КИЦ на Бугарија на улицата „Македонија“ во Скопје беше отворен лани на 25 ноември.
-Потсетуваме дека со билатералниот договор за отворање на културно-информативните центри од 2003 година, двете земји се обврзаа да гарантираат нормално функционирање на културно-информативните центри во двата главни града – велат од бугарското МНР.