Фото: Илустрација

Регионалниот Центар за управување со кризи Штип известува за сообраќајна несреќа на патниот правец Штип – Свети Николе, кај селото Криви Дол, помеѓу две патнички моторни возила. Од Сообраќајната полиција ЦУК има известување дека на местото на несреќата имало две загинати лица, а едно лице им подлегнало на повредите во Клиничката болница во Штип.

– За другите повредени лица нема подетални информации. На местото на несреќата е излезен јавен обвинител и се врши увид, а сообраќајот ќе биде во прекин се до завршување на увидот – информираат од ЦУК.

Инаку, сообраќајот е пренасочен и се одвива по стариот пат кон Свети Николе.