Фото: ТППЕ Кавадарци/Фејсбук
Тешка сообраќајка се случила утринава на патот Кавадарци – Росоман. Сообраќајот на регионалниот пат, на излез од селото Манастирец, е во целосен прекин од седум часот.
ТППЕ Кавадарци излегло на терен со осуммина пожарникари, две возила за техничка интервенција и едно амбулантно возило.
– Три лица се повредени, од кои едно потешко. Двајца од повредените се на околу 23 години, а третиот е повозрасен – соопшти ТППЕ Кавадарци.