Фото: Пиксабеј

Тринаесет лица се здобиле со повреди во сообраќајната несреќа што се случи викендов на локалниот пат с.Брњарци–с.Стајковци, скопско.

Според информациите од МВР во несреќата учествувале три возила – „ауди“ управувано од малолетник од Скопје, „нисан“ управуван од И.Б.(35) од с.Страчинци и „ауди“ управувано од А.М.(30) од с.Никиштане, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот И.Б. и сопатниците од неговото возило Љ.Б.(25), С.Б.(62) и З.Б.(37), сите од с.Страчинци, а со телесни повреди се здобиле возачот А.М. и осум сопатници од сите три возила, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, велат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.