фото: Пиксабеј

Во сообраќајка во Тетово, тешко повредена е 32-годишна жена, која е однесена на клиниките во Скопје поради сериозноста на здравствената состојба.

Сообраќајната несреќа се случила околу 17 часот и 15 минути на булеварот „Маршал Тито“.

– Во СВР Тетово пријавено е дека на улица „Маршал Тито“ во Тетово, патничко моторно возило „пежо 607“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од 47-годишниот А. Р. од гостиварско Беловиште удрило во 32-годишната К. Ѓ. (пешак) од тетовско Подбреѓе. Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница – информираат од СВР Тетово.

На местото на несреќата увид извршиле Јавен обвинител и екипа на СВР Тетово.