Фото: МИА

Додека 35-годишниот А.Ф. од Скопје се возел со својот велосипед во Чаир, почувствувал болка во грбот. Бил пренесен во болница, каде било констатирано дека бил погоден од заталкано зрно од огнено оружје.

Според информациите од МВР, настанот се случил вчера напладне, а велосипедистот завршил на Комплексот клиники Мајка Тереза.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.