Фото: Маја Јаневска-Илиева

Осум училишта во Скопје денеска добиле закани за поставени бомби.

Како што информираат од МВР, денеска во СВР Скопје околу 14.30 часот е пријавено дека на мејл-адреси на шест училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба, и додаваат дека околу 15 часот во СВР Скопје е пријавено дека ваква закана стигнала и на електронските адреси на уште две училишта.

Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата.

Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Минатата недела три дена по ред повеќе скопски училишта на мејл адресите добиваа закани за бомби, кои по полициските проверки беа утврдени дека се лажни.