Илустрација / Фото: Влада

РЦУК – Струмица, известува дека во 9:18 часот настанал пожар на камион на кој што му се дупнала гумата. Превезувал 20 тони на нафта. Со пожарот бил зафатен задниот дел на камионот (кај гумата). Камионот се запалил на еден километар од селото Владиевци на патниот правец Струмица-Радовиш. Во период од 9:18 до 09:55 часот, патниот правец Струмица-Радовиш бил во целосен прекин.
Камионот е изгаснат од страна на ТППЕ Струмица кои интервенирале со 6 пожарникари и 2 противпожарни возила , а 4 полицајци вршеле контрола на сообраќајот. Нафтата ќе биде префлена во друга цистерна и пренесена до крајната дестинација.