Тетовските пожарникари попладневно интервенираа на пожар што избувна во дуќан во Градскиот трговски центар во центарот на градот.

Поради пожарот густ чад се појави над објектот, а според првичните информации нема повредени луѓе.

– Oгнот избувнал во дуќан на третиот кат кој што не се користел активно, туку служел како магацин. Пожарот беше пријавен во 15.40 часот. Веднаш е интервенирано со 2 противпожарни возила и за кратко време пожарот е изгаснат. Нема повредени само е причинета материјална штета – информираше Авни Амети од ТППЕ Тетово.