Турската полиција ја разбила обложувачка мафија наречена „Тотобо“, која за една година остварила приход од околу 55 милиони евра, вршејќи трансакции во Македонија, Турција и во Германија, како што објавија турските медиуми.
Уапсени се 59 лица, меѓу кои и водачот на групата, по осуммесечната истрага. Клучно било следењето на сметките на криминалците, што покажало оти суми од 10 до 15 илјади евра биле префрлани на сметки на нивни роднини, а потоа претворани во криптовалути што завршувале во Македонија.
Според наводите на истрагата, дел од парите биле користени и за финансирање на терористичка организација. Полициската акција уште трае, наведуват турските медиуми.