Машко лице на возраст од околу 20-25 години било пронајдено починато, вчера, во зграда на улица „Дане Крапчев“ во Скопје.

Смртта била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


Во сообраќајка загина 25-годишно момче од Виница

Утрово во 2.15 часот било пријавено дека на регионален пат во близина на „Оранжерии“ – Виница патничко моторно возило „фиат пунто“ со винички регистарски ознаки, управувано Д.С.(25) од Виница, излетало од патот.

Во несреќата на местото на настанот починал возачот, а со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Д.К.(20) од Виница, констатирани во Клиничката болница во Штип.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Виница.


Малолетно момче прегазено од трактор

Синоќа во 15.30 часот било пријавено дека на локален пат во с.Саса, Македонска Каменица, С.Ѓ. (58) од Македонска Каменица изгубил контрола врз трактор „имт“ со приколка што го управувал и излетал во река.

При тоа Д.А: (52), кој се превезувал на тракторот скокнал од него и останал неповреден, но малолетно лице кое исто така се превезувало на тракторот, паднало и било прегазено од тракторот, по што починало.

И возачот на тракторот се здобил со повреди констатирани во Медицинскиот центар во Штип.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Делчево.