Полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал и Оперативен тим потраги при СВР Скопје вчера го привеле Г.П. (43) од Скопје затоа што на 5 јули годинава околу 21 часот, за време на одржување на јавен сoбир фрлал со камења кон полициските службеници и зградата на Собранието и физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејства.
-До надлежното обвинителство поднесена е кривична пријава за кривично дело „Учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ по член 385 од КЗ, по што лицето е изнесено пред судија на претходна постапка – информираат од МВР.