На булеварот Илинден во Скопје денеска полицијата ја лишила од слобода О.Ј.(69) од Скопје.

Како што информираат од МВР, за неа била распишана централна потерница, по наредба од Основен суд Скопје 1 за издржување  казна затвор од една година во врска со сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

Скопјанката била приведена во полициска станица по што ќе биде спроведена во затвор за издржување на казната.