Фото: Архива

Осомничената за убиство, М.Б.(51) од Кавадарци, е притворена од страна на полицијата. Како што појаснија денеска од МВР, таа на 6 септември била во домот на И.М.(70) во Кавадарци, со кого била во љубовна врска, и по вербална расправија, настаната меѓусебна физичка пресметка, осомничената со остар предмет му нанела повреди на И.М., а потоа истурила запалива течност врз телото, го запалила и го напуштила местото.

– По преземени мерки и активности по наредба од Основен суд Кавадарци извршени се претреси во домот на осомничената, при што се пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривичното дело, а при извршен службен разговор, таа делото го појаснила во целост  – наведуваат од МВР.

Од ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци против М.Б. е поднесена кривична пријава, а од страна на судија од Основен суд Кавадарци одредена ѝ е мерка притвор во времетраење од 30 дена.