Сообраќајна несреќа вечерва се случи на улицата „Ѓорче Петров“ во истоимената општина.
Сообраќајката се случила кај општинската зграда и во неа автомобил удрил во пешак кој, според информациите од терен, загинал на самото место.
Полициски екипи сè уште се наоѓаат на терен и прават увид на местото на несреќата.
Од МВР велат дека во полиција е пријавено дека автомобил „ауди“ удрил во пешак кој починал нагласувајќи дека ова се првични информации според пријавата што е пристигната.