фото: Пиксабеј / Илустрација

Тетовските пожарникари денес интервенираа на пожар на булеварот „Илинденска“  после пладне, гаснејќи оган што зафати дрвена барака наменета за продажба на овошје и зеленчук. При пожарот и гаснењето нема повредени лица. Пожарот беше причина да се појави голем оган и чад.

– По пријавата на случајот веднаш интервениравме, иако пожарот имаше голема моќ, бевме на време да го спречиме дополнителното ширење. Штетите остануваат само материјални, апелираме на внимателност – изјави Авни Амети, командант на тетовската пожарна.

Пожарот е пријавен во 12:20 часот, а во 13:30 пожарникарите се вратени во станицата. Интервенирано било со три возила и девет пожарникари.