Фото: ЦУК

Денеска попладне, е пријавен пожар на Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК на локација кај бензинската пумпа на ОКТА во село Дељадровце, скопско. Според првта информаија гори нискостеблеста шума и друга ниска вегетација.

По дојавата на 112 во ЦУК, веднаш е алармирана и е веќе на терен Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје којашто во моментот интервенира за да го локализира и да го изгасне пожарот на отворено, при што и мештаните помагаат со трактори за да го пресечат пожарот на површината кон којашто се движи пламенот.

Регионалниот ЦУК Куманово во 16.50 часот известил дека добил информација од дежурниот на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Куманово дека со две противпожарни (ПП) возола и седум пожарникари од 14.50 часот се на терен и делуваат за гаснење на пожарот на отворен простор на локација во атарот на Селно Село, како и селата Брзак и Романовце.
Според информацијата од терен била опожарена поголема површина од сува трева, грмушки и житни култури. Противпожарните екипите, се уште, се на терен.