Фото: МИА

Во врска со спроведувањето на конфискацијата врз имотот на „Трансмет“, Државното правобранителство соопштува дека по добиеното Барање од Агенцијата за управување со одземен имот ги има преземено сите мерки и правни дејствија за заштита на имотните права и интереси на Македонија.

– Во таа насока, поднесени се тужби за утврдување на неважечки правни дела. Во овие постапки првостепениот суд ги има уважено посебните барања и има определено привремени мерки за забрана за отуѓување, оптоварување или на било кој друг начин располагање со недвижностите – се наведува во соопштението од Државното правобранителство.

При тоа, како што посочуваат од Државното правобранителство, дел од судските постапки се правосилно завршени и донесени се и пресуди со кои се утврдува ништовност на склучената спогодба помеѓу „Трансмет“ и „Пуцко петрол“.