Фото: Принтскрин/Илустрација

Пожарот, кој попладнево избувна над селото Војница во месноста викана „Говедарица“, сѐ уште е активен. Зафатен е шумски предел од смрека, даб и чалија.

Пожарот бил пријавен во 13:46 часот, а во гаснењето учествувале четворица вработени од шумското стопанство „Бабуна“ и четворица граѓани од Чашка.

Од шумското стопанство „Бабуна“ информираа дека е интервенирано до 18:30 часот и дека ќе се продолжи рано наутро.

– Од местото „Говердарица“ над селото Војница, пожарот се шири кон шумата во реонот на селото Ораовец, но засега нема опасност по куќите – информираа од ШС „Бабуна“.