Илустрација/Фото: Архива

Затвореник од Затвор-Штип утринава во 1.30 часот побегнал од одделот за ортопедија и трауматологија во Клиничка болница-Штип.

Бегството на 48-годишниот осуденик за МИА го потврдува директорот на Затвор-Штип, Мики Тодоров и портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска.

– Станува збор за 48-годишен пациент на кого требало денеска да му се извади шраф од кукот, во 1.30 часот се јавил дека ќе излезе на воздух, но пациентот по лифтот излегол од зградата и му се губи трагот – вели Шуманска.

Директорот на Затвор-Штип, Тодоров вели дека станува збор за осуденик кој е повратник, а за издржување на затворската казна има уште една година и пет месеца. За двајцата затворски службеници кои требале да го чуваат во болницата ќе биде покрената дисциплинска постапка и најверојатно ќе бидат суспендирани сѐ до решавањето на дисциплинската постапка.