Фото: Солза Грчева / Фејсбук

Возилото на лидерката на Глас за Македонија Солза Грчева било оштетено. Информацијата заедно со фотографијата од автомобилот на која се гледа дека му е откорната регистерската табличка, таа ја сподели на социјалните мрежи.

Објавата ја пренесуваме во целост:

„Секој мој жесток настап, како оној пред три дена на Алфа, има своја цена со која морам да живеам. И не е прв, ниту последен пат. Среќа што се уште насочени (на разни начини) на колата. Можат да станат и поинвентивни. Ама ич нема да ме замолчат. Напротив.“