Јавното обвинителство за гонење организран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) денеска побара одлагање на рочиштето за случајот со масовното прислушување Таргет-Тврдина со образложение дека му треба време да одлучи како ќе се произнесе за кривичните дела за кои се судат обвинетите во овој случај.
Поради ова, судијата Илија Трпков го одложи судењето за 4 октомври.
Во случајот Таргет-Тврдина беа обвинети 12 луѓе кои со неправосилна судска одлука се осудени на вкупно 55 години затвор и 10 години условен затвор. Меѓу осудените се и поранешниот шеф на Управата за бебедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, неговиот шеф на кабинет, Тони Јакимовски, двајцата оперативци, бегалци во Грција, Горан Грујевски и Никола Бошкоски како и екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.