Фото: ЈКП „Комуналец“

За еден месец поголем дел од контејнерите за електричен отпад што беа поставени низ Прилеп се оштетени, односно присилно се отворани долните лежишта информираат од ЈКП „Комуналец“. Контејнерите беа поставени за да се овозможи селекција на електричен и електронски отпад, акумулатори и батерии.

-Во соработка со Локалната самоупрва, поставивме 12 специјализирани контејнери за овој вид на отпад. Контејнерите беа поставени на 14 август на 12 пункта. Дел еве се оштетени – велат од „Комуналец“.

Во контејнерите имало секеков вид на отпад, освен електричен и електронски отпад.

-Она што мислат дека е корисно е украдено, иако поголемиот дел од овој отпад воопшто не е користен. Оставени се само некорисните тонери, кои подлежат пак на постапка со уништување. Се исфрла дури и тетрапак, најлони, пет амбалажа и др. Она што ќе создаде поголема штета, е што истите отпадни апарати ќе бидат исфрлани на дивите депонии – додаваат надлежните.

Инаку, овој месец, „Комуналец“, планираше да постави уште 12 контејнери од овој тип, но посочуваат дека ќе се почека со оваа акција, со цел да се направи анализа, но и поправка на постојните.

Ка.М.