Фото: Принтскрин

Преку единствен број за итни повици 112 при Центарот за управување со кризи (ЦУК) на полноќ e добиен повик за пожар на долната страна на мостот „Беласица“ за моторни возила над реката Вардар во Скопје, на истоимената улица „Беласица“ кај затворениот трговски центар „Ист гејт“, што е во близина на бензинска пумпа на „Макпетрол“ кај трговскиот центар. Веднаш по добиената информација од страна на Секторот за операции и координација (СОК) и Регионалниот РЦУК Скопје на ЦУК биле известени сите можни институции и фирми, коишто имаат или, пак, е можно да имаат инсталации под мостот и е извршена координација со Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје, која била на терен со 8 противпожарни возила и 21 пожарникар, информираат од ЦУК.

Фото: ЦУК

Во 1.45 часот БППЗ на Град Скопје извести дека пожарот е локализиран, додеа дека нивна противпожарна екипа екипа се уште била на терен да догасува делови од пожарот, а во 1.50 часот ЈП „Железници“ извести дека електричниот напон бил вклучен.
Во 2.28 часот Секторт за операции и координација на ЦУК извести дека воспоставиле контакт со ЕСМ за интервенција на постоечките топлински цевки што биле пукнати од пожарот.
Регионалниот ЦУК Скопје ја пренесува информацијата од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје во којашто се наведува дека во 23:57 часот е настанат пожар на опожарена електрична инсталација, топлводна инстлација и е оштетен мостот „Беласица“ на ул „Беласица“. Била зафатена површина од 2.000 квадратни. Пожарот целосно е изгаснат во 4 часот по полноќ.

-Од ЦУК за настаната состојба биле известени сите надлежни институции што посредно и непосредно имале инсталација на мостот и во близината на мостот што беше зафатен со пожарот. Конкретно, известени се МВР кои целосно го блокираа сообраќајот на мостот, бензинска пумпа „Макпетрол“, АД „Гама“ Скопје кои беа на лице место и утврдија дека немаат гасоводена мрежа што поминува на овој потег, „Македонски железници“ коишто во одреден временски период на трање на пожарот го исклучи напојувањето со електрична енергија, ЕВН Македонија, АД ЕСМ „Балкан Енерџи Груп“, бидејќи имаше оштетено дел од цевките за парно греење и истите пратија екипа за санација на цевките. Во текот на пожарот дежурните од Секторот за операции и координација на ЦУК беше во постојана комуникација и координација со институцииите на терен и редовно одговараше на сите потреби на БППЗ на Град Скопје се со цел полесно да се локализира пожарот и да не дојде до несакани последици, како на пожарникарите кои дирекно учествуваа во гаснењето на пожарот, така и на населението коешто се наоѓа во непосредна близина на пожарот. Причината за пожарот и материјалната штета дополнително ќе бидат утврдени – информираат од ЦУК.

Фото: ЦУК