фото: МИА

Поројни дождови го зафатија вечерва градот Кавадарци, пожарникарите испумпуваат вода од неколку критични места. Оваа информација ја потврдија за МИА од Територијалната противпожарна единица.

Оттаму засега не можеа да кажат повеќе детали за последиците од невремето.

– Од УХМР известуваат дека невремето со поинтензивен пороен дожд, електрични празнења и засилен ветер од источните делови од Македонија се придвижува кон западните делови и се очекува да ги зафати Тиквешијата и Пелагонија, а подоцна во вечерните часови и делови од Скопската котлина ќе бидат зафатени од невреме со пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и можна појава на град – известија вечерва од ЦУК.

Кавадарци и Неготино и пред неколку дена беа зафатени од невреме.