Фото: Општина Карпош

Густиот чад кој се гледаше од подрачјето кај нивите околу Зајчев рид доаѓал од запалено големо количество отпад, информираат од општина Карпош на социјалните мрежи.

„При рутинска контрола на инспекциските служби на општина Карпош забележан е густ црн чад на подрачјето позади Зајчев рид. На лице место е констатирано дека непознати лица запалиле поголемо количество отпад во нива“, се подвлекува во напишаното.

Инспекциските служби по констатирање на состојбата пријавиле во противпожарната служба на Град Скопје, а информирана била и полицијата.

Според надлежните, по интервенција на пожарникарите огнот е изгаснат.

Фото: Општина Карпош