Фото: МИА/Илустрација

На приватните електронски адреси на 14 професори е упатена закана за поставена експлозивна направа во едно скопско средно училишта, соопшти МВР.

– Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектот, во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот – велат од полицијата.