Илустрација / Фото: Маја Јаневска-Илиева

Веднаш по добиените пријави направени се сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Кочани, по добиените пораки на електронските адреси во Кочани и утврдено е дека станува збор за лажни пријави – извести полицијата.

– Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека протоколите за проверки и безбедност на училиштата функционираат и веднаш се преземаат соодветни мерки доколку се појават дојави за наводно поставени експлозивни направи. Апелираме до родителите да не се вознемируваат, училиштата се безбедни. Потсетуваме дека раководствата на училиштата имаат обврска да ги следат и имплементираат мерките на Владата односно насоките од Министерството за образование во целост и на тој начин да ја засилат безбедноста на училиштата и гарантираат непречена настава на учениците – се вели во полициското соопштение.