Фото: МИА

Момче влегло да се капе во водите на браната во близина на струмичкото село Дрвош и не излегло. Екипи трагаат по исчезнатото момче.

-На 16.7.2023, во 13.30 часот, во СВР Струмица, од итната медицинска помош било пријавено дека околу 13 часот, М. П. (29) од с. Дабиле, Струмичко, влегол во водите од браната во близина на селото Дрвош, Струмичко, и не излегол – соопшти СВР Струмица.

За настанот бил запознаен Центарот за управување со кризи и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.