Фото: Пиксабеј

Во семејниот дом во Пробиштип, 16-годишно девојче со остар предмет му нанело убодна рана на својот татко И.А. (46) по претходна расправија помеѓу родителите, соопшти СВР Штип.

Инцидентот се случил утринава околу 09.40 часот, а повредениот маж бил пренесен во Здравствениот дом Пробиштип, каде му била укажана лекарска помош. По извршен преглед и малолетничката била однесена во здравствена установа.

– Во присуство на претставници од Центарот за социјални работи Пробиштип, полицијата извршила разговор со мајката и другите две деца во семејството. За случајот бил известен јавен обвинител, а по целосното документирање ќе следи соодветна пријава – информираат од полицијата.